Connect with us

Филм

Безобразно згоден – актерот го оживува главниот лик во серијата која ќе ве освои

Published

on

Актерот Стивен Амел вешто го крие својот приватен живот од очите на јавноста.

Стивен Амел толкува улога во филм кој што ја пренесува вистинската приказна за Бер Халовеј која што според правдата треба да го приведе Роран, наводниот убиец на нејзината ќерка.

Амел доби многубројни пофалби за камелеонската улога на холандски психопат.

Овој згоден актер и на социјалната мрежа Инстаграм е активен на која што единствено објавува фотографии со семејството и моментите кои што тешко ги споделува во интервјуата.

На малите екрани Амел бил забележан и во улогата на гостин во серијата „Приватна пракса“.

Во најновата сезона „Надарени“ се придружува во актерската екипа како Џејсон, млад жиголо.

Други гостувачки улоги имаше и во сериите: „CSI: Miami“, „NCIS: L.A.“…

Инаку, овој атрактивен актер ќе имате можност да го гледате и во серијата „Arrow“ во која што ја толкува улогата на главниот лик Оливер Квин кој што пет години живеел на остров, а потоа се враќа со таен план и смртоносни нови вештини кои што ги користи во борбата против криминалот.

Continue Reading
1 Comment

1 Comment

  1. verdeph

    13/01/2022 at 01:50

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Филм

Поминаа 20 години: Како изгледаат денес холивудските заводници од филмот „Ocean’s Eleven“?

Published

on

By

Кога во 2001 година во кината беше претставен филмот „Ocean’s Eleven“ во режија на Стивен Содерберг, стана вистински хит – и меѓу машката и меѓу женската публика.

Не само што филмот имаше интригантна и напната приказна за кражбата, туку и главните улоги ги толкуваа некои од најпознатите и најатрактивни актери, како Џорџ Клуни, Бред Пит, Мет Дејмон и Енди Гарсија.

„Исклучок“ од тој машки свет е актерката Џулија Робертс која што ја толкува улогата на поранешната сопруга на Дени Оушн.

Овој филм всушност е преработка на истоимениот филм од 1960 година кој што ја следи приказната на измамниците на чело со Дени Оушн додека ја планираат кражбата на векот која ќе се спроведе во трезорот на казиното во Лас Вегас во вредност од 150 милиони долари.

Се верува дека инспирацијата на филмот била реална кражба во зградата „Brink’s Security“ во Бостон.

Овој филм е еден од оние кои што сакаме да го гледаме, па дури и тогаш кога знаме за што станува збор и како завршува приказната.

Како изгледаат денеска холивудските заводници од филмот:

1. Џорџ Клуни

2. Бред Пит

3. Енди Гарсија

4. Скот Кан

5. Еди Џејмисон

6. Мет Дејмон

7. Кејси Афлек

8. Елиот Гулд

9. Дон Чидл

Continue Reading

Филм

„Netflix“ објави: „Ова е нашата најуспешна серија на сите времиња“

Published

on

By

Официјално е – „Bridgerton“ е најуспешната серија на „Netflix“ на сите времиња.

Неверојатни 82 милиони домаќинства ја следеле историската љубовна романса, предводена од актерите Фиби Дајневор, Никола Кофлан и Реге-Жан Пејџ.

Серијата која ја следи лондонската елита во 19-от век ги освои гледачите ширум светот, а за споредба, 82 милиони отприлика е бројот на жители во Германија.

Зборувајќи за неверојатнот успех, Џини Хау, потпретседателка на одделот за серии на „Netflix“, истакнала дека отсекогаш сакала историски романси.

„Во текот на моите интервјуа во врска со ‘Netflix’, се сеќавам дека ме прашаа: ‘Да можете да направите било каква серија, каква би била таа и зошто?’. И тогаш ја кажав вистината. Во светот на популарна култура во која доминираат научна фантастика и фантазија, отсекогаш сум сакала убави, романтични приказни. Тоа што можам да објавам дека ‘Bridgerton’ е најголемата серија некогаш е остварување на сонот“, изјавила Џини.

„‘Bridgerton’ ја прикажува кралицата Шарлот како црна жена која ја користи својата моќ за да влијае на поголеми промени во британското друштво“, додала потпретседателката.

„Вклучувањето на сите раси во серијата направи таа да е современа и достапна за сите, резонирајќи со публиката ширум светот“, заклучила таа.

Continue Reading

Тренд

Copyright © 2020 Avenue.mk