Connect with us

Мода и убавина

Богот на женската елеганција со нова колекција: Дамите со стил ќе се облекуваат вака во 2021 година

Published

on

Ерата на домашна облека заврши, докажуваат бројните нови колекции на дизајнери, а меѓу нив е и Либанецот Ели Саб кого го обожуваат славните дами ширум светот.

Кариерата на овој мајстор е полна со прекрасни вечерни фустани, но и дневни комбинации за деловни жени кои ја ценат дискрецијата на беж нијансите.

Ноќната приказна е нешто поразлична – тука Ели Саб предлага златни тонови во варијанта на плисе.

Дизајнерот исто така ја обработил темата тул – предлага симпатични фустани со точкест дезен.

Црното одело прекриено со светки е совршено за забава од секаков вид…

Црвената боја е неизбежна, заедно со романтични панделки, мини здолништа и високи чизми…

Наметката како симбол на моќ и елеганција во новата колекција на славниот дизајнер има силен зелен тон и неверојатно ефектен изглед…

Како ви се допаѓаат новите креации на либанскиот моден волшебник?

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Мода и убавина

Хајди Клум во креација на Тони Матичевски на Берлинската модна недела

Published

on

By

Неодамна се одржа Берлинската модна недела, а на последниот ден, специјална гостинка беше и 47-годишната Германка, Хајди Клум.

Таа уште еднаш зачекори на писта и ги потсети сите зошто ја нарекуваат супермодел.

Клум се појави во тренди комбинација која вклучува панталони, сако и корсет со сребрени детали.

Со стајлингот беше направена и соодветна маска, а сите се дело на австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.

Тој уште пред неколку дена најави дека подготвува нешто за Хајди Клум, а сега се гледа и крајниот резултат.

Continue Reading

Тренд

Copyright © 2020 Avenue.mk