Connect with us

Љубов и секс

Истражување: Кој е идеалниот број на сексуални партнери кај поединецот?

Published

on

Новата анкета го открила идеалниот број на сексуални партнери кои што една личност треба да ги има, барем според мислењето на испитаниците – 1.000 жени и мажи.

Истражувањето кое што го спровело британскиот сајт за запознавање „IllicitEncounters.com“ вклучувало 1.000 мажи и жени, а се докажало дека 52 отсто од испитаниците смета дека идеалниот број на сексуални партнери е 13.

Според податоците, некои го одбиваат фактот што другата половина од испитаниците имала над 18 сексуални партнери. Очигледно, некои тоа го сметаат како знак дека еден човек може да биде неверен.

Податоците исто така покажале дека 67 отсто од жените лажат за бројот на своите сексуални партнери, во однос на мажите чиј процент е 13.

Тоа би можело да биде така поради тоа што жените се повнимателни во споделувањето на своите интимни подвизи за да изгледаат поконзервативни кон спротивниот пол, пренесува „Daily Star“.

Дури 77 отсто од мажите изјавиле дека би имале сексуален однос со некој кој што на прв поглед ги привлекува, во споредба со жените – 39 отсто.

Поголемиот дел од испитаниците не сакаат да ја знаат сексуалната историја на својот партнер

Интересно е што повеќе мажи (59 отсто), отколку жени (46 отсто), сметаат дека големиот број на сексуалните партнери го прави некој помалку посакуван што сугерира дека секогаш постои социјална стигма во поглед на перцепцијата на промискуитетот меѓу половите.

Според истражувањето само 31 отсто од мажите и жените сакаат да ја знаат сексуалната историја на својот партнер.

Експертката за секс Џесика Леони вели дека голем број  од луѓето ги одбиваат новите сексуални партнери затоа што не сакаат „тие да бидат само уште едни во низата“.

„13 партнери е идеален број“.

Continue Reading
2 Comments

2 Comments

  1. InessaPiPt

    25/01/2023 at 12:50

    coursework samples
    design coursework
    coursework help university

  2. Pingback: 1autocracy

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Љубов и секс

6 јасни знаци кои укажуваат дека (сè уште) не треба да стапите во брак со својот партнер

Published

on

By

Венчајте се со личноста за која можете да кажете повеќе добри отколку лоши работи и со чии маани можете да живеете.

Најважно е да не брзате, туку добро да размислите пред да го изговорите судбоносното „да“. Луѓето кои се разведуваат речиси секогаш велат дека не ни требало да се венчаат и се прашуваат зошто воопшто се согласиле на брак иако интуицијата им го велела спротивното.

Лин Мередит Голоднер, брачен советник, споделила 6 сигурни знаци кои укажуваат на тоа дека не сте спремни за брак.

Сметате дека вашиот партнер често изгледа неуредно

Како човекот се однесува кон себе е поврзано и со тоа како и другите го доживуваат. Дали излегува од дома во згужвана гардероба или изгледа уредно и пристојно?

Често зад неуредниот изглед се крие неуредна душа, вели Лин.

Забележувате дека партнерот понекогаш е неспособен

Бидете искрени кон себе и запрашајте се дали вашиот партнер е способен да ја задржи својата работа? Дали е спремен да стане родител?

Ако не го сметате за возрасна и сериозна личност, веројатно сè уште не е спремен за брак.

Не сте задоволни со себе

Ако не сте задоволни со самите себе и чувствувате дека треба да поработите на многу работи, стапувањето во брак не претставува решение на личните проблеми.

Не сте сексуално компатибилни

Хемијата во спалната соба има голема поврзаност со тоа колку добро комуницирате со партнерот. Ако сега немате волја и енергија за интимни односи, веројатно нема да имате ни подоцна во бракот, ниту кога ќе дојдат децата.

Чувствувате дека вашата врска пребрзо напредува

Не брзајте со бракот, дајте ѝ време на вашата врска. Добро запознајте го својот партнер пред да одлучите да се венчате.

Вашата веридба или брак делува како туѓ избор

Бракот не е мала работа. Не дозволувајте туѓото мислење да ве натера на тој чекор.

Continue Reading

Тренд

Copyright © 2020 Avenue.mk