Connect with us

Забава

Ладни и тешки за разбирање: Ова е најчудниот хороскопски знак

Published

on

Луѓето во близина на личностите родени во овој знак воглавно остануваат изненадени од нивната прибраност и рамнодушност, поради што ги доживуваат како „необични“.

Јарците ги прати глас на најчуден знак на Зодијакот.

Тие се многу ладни и емотивно недостапни, поради што често им делуваат чудно на луѓето околу нив. Тие се неразбирливи за околината поради отсуството на реакции и имуноста на најдраматичните животни ситуации.

Но, оние кои вистински ќе го запознаат Јарецот, сфаќаат дека во него се крие многу забава, хумор и емоции. Сепак, ретки се оние кои успеваат да допрат до овој хороскопски знак.

Покрај Јарците, глас за чудни и за другите несфатливи хороскопски знаци ги бие и Водолиите како и Рибите.

Continue Reading
3 Comments

3 Comments

  1. gate io forbidden access futures

    04/03/2023 at 15:04

    Looking forward to reading more. great article. Really looking forward to reading more books. cool. I really enjoy reading a thought provoking article. Also, thanks for allowing me to comment!

  2. Scottraf

    10/04/2023 at 01:20

    With thanks. Fantastic stuff!
    online casino reviews casino online download parx casino online promo code

  3. NathanHoise

    12/04/2023 at 05:09

    Nicely put, Appreciate it!
    college admission essay writers someone write my essay write my narrative essay

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Забава

Запознајте го најдолгиот мост во Европа: Се протега на 17,2 километри, а може да издржи и силен земјотрес…

Published

on

By

Овој неверојатен португалски мост е дизајниран за 120 години и според пресметките во состојба е да издржи брзина на ветер до 250 км/ч. и силни земјотреси.

Мостот Васко де Гама се наоѓа во Лисабон и „лежи“ над реката Тежо, а официјално е најдолгиот мост во Европа.

Симболот на португалската престолнина вкупно се простира на 17,2 километри, вклучувајќи и 829 метри за главниот мост, 11,5 километри вијадукт и 4,8 километри пристапни патишта, а има 6 ленти.

Целта на изградбата на овој мост била да се намали метежот во сообраќајот на другиот мост во Лисабон и да се поврзат патиштата од Лисабон, а во неговата изградба биле вложени 1,1 милијарда долари.

Проектот на градење започнат бил во февруари 1995-та година, а отворен бил за сообраќај на 29 март во 1998-та година, за време на одржувањето на манифестацијата „Expo“ по повод одбележување на пет векови откако популарниот португалски истражувач и морепловец по кој што мостот го носи името ја открил морската рута до Индија.

Ограничувањто на брзината на возење на ова место е од 100 до 120 км/ч. во зависност од делот на кој што се наоѓате.

Кога врне дожд, таа се намалува на 90 км/ч.

Continue Reading

Забава

Тест: Тоа што прво го воочувате на фотографијата ја открива вашата најголема доблест во љубовта

Published

on

By

Во љубовта секој со себе ја носи и својата најдобра доблест за работите да функционираат како што треба. А, која е вашата – откријте со помош на овој тест.

Што прво забележавте на фотографијата?

Раце во облик на срце

Доколку на илустрацијата прво ви го привлекоа вниманието рацете во облик на срце, најголема доблест во љубовта за вас е давањето сигурност. Вас во природата ви е да бидете покрај вашиот партнер, да го следите и да му бидете поддршка. Личноста која што е со вас секогаш ќе знае дека покрај вас може да се чувствува сигурно затоа што ќе ѝ верувате и ќе функционирате како оаза среде пустина. Со вас може да се чувствува пријатно и заштитено.

Око со солзи

Доколку прво го забележавте окото со солзи, вашата најголема доблест во љубовта е способноста за емпатија. Можете да се ставите на местото на вашиот партнер, па дури и тогаш кога не размислувате исто. Чувствителни сте и можете да го слушате вашето срце. Вашите зборови се мудри и топли, затоа будите доверба и нежност. Иако понекогаш може да помислите дека таа чувствителност е вашата слабост, мора да научите на тоа да гледате како на доблест и искреност во срцето.

Зраци кои зрачат од окото

Доколку вниманието ви го привлекоа зраците, вашата најголема доблест во љубовта е вашата енергија. Имате иницијатива, рутините не ви претставуваат проблем, а секогаш имате поттик и способност да ги развеселите луѓето околу себе. Способни сте на проблемите да не гледате претерано сериозно и со тоа да го олесните патот до нивните решенија.

Continue Reading

Забава

Која е бојата на фустанот од водителката? Оптичка илузија предизвика „општ хаос“ на социјалните мрежи

Published

on

By

Кендал Гилдинг уште еднаш несвесно покренала „револуција“ на социјалните мрежи за феноменот оптичка илузија – кога станува збор за бојата.

Имено, водителката за една емисија избрала да носи класичен, еднобоен фустан, но не се посомневала дека само еден нејзин опис на фустанот може да предизвика лавина коментари кај следбениците. И еве, се повторува приказната, а оптичката илузија повторно го подели светот.

„Среда во бело“, напишала водителката во описот на фотографијата која што ја поставила на социјалната мрежа Инстаграм, по што следеле многубројни коментари.

„Секако е син, но убав е“, бил само еден од коментарите кои што тврделе дека футанот е син.

Меѓутоа, водителката објаснила дека под студиското светло фустанот можеби добива син отсјај, но всушност е бел.

Споредувајќи го сето тоа со некои други оптички илузии како фустани кои што некои ги гледаат како бело-златни, а други како сино-црни, не ни преостанува ништо друго освен да се запрашаме кој и кога ќе ја реши таа двојба – поради што имаме различна перцепција и од што зависи тоа.

Continue Reading

Тренд

Copyright © 2020 Avenue.mk