Connect with us

Музика

„Тафталиџе шафл“ на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Published

on

Албумот на познатиот македонски музичар Влатко Стефановски – „Тафталиџе шафл“ (Taftalidze Shuffle) се најде помеѓу 25-те номинирани албуми од сите делови на Европа за 11-то издание на наградата „Импала“.

„Тафталиџе шафл“, објавен за најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“ е номиниран за најдобар албум од страна на членовите на Регионалното здружение на независни дискографи (РУНДА). 

„Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми. Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грб за добар почеток на 2021 година“, вели извршниот директор на „Импала“, Хелен Смит.

Номинираните албуми носат разновидни музички стилови кои се движат од фински поп до француска електроника, преку балканска ска-музика и дански блуз па сè до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи.

„Тафталиџе шафл“ е ново студиско издание на македонскиот виртуоз посветен на неговото Скопје и неговото маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите 9 песни, ги потпишува самиот Влатко. 

Continue Reading
1 Comment

1 Comment

  1. Clefaliep

    03/05/2023 at 21:42

    1986; 22 135 42 discreet cialis meds

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Музика

Сега и официјално – Васил Гарванлиев е нашиот овогодишен претставник на „Евровизија 2021“

Published

on

By

Македонската Радио-Телевизија, како носител на лиценцата за учество на „Евровизија“ одлучи наш претставник на овој престижен музички натпревар и годинава да биде Васил Гарванлиев.

„Огромно благодарам до МРТВ која и понатаму верува во мене и ми ја дава одговорноста и можноста да бидам нашиот, македонски преставник годинава на „Евровизија“ во Ротердам. Верувам, ве сакам, ќе пеам за сите вас ама и вие да запеете со мене! Со душа чекам да ги споделам со вас нашите планови како македонски тим за „Евровизија 202“, напиша Васил на својот профил на Фејсбук.

„Во 2019-та застанав гордо зад нашата Тамара, како дел од македонскиот евровизиски тим, а изминатата 2020-та ви ја посветив на сите вас, како официјален македонски преставник, но поради пандемијата на коронавирусот „Евровизија“ лани не се одржа. Еве сега, во 2021-та ја користам мојата животна приказна, за да ви го подарам срцето на дланка преку мојот глас. И им порачувам на сите сонувачи: верувај, сонувај и не се предавај! Вистината, трудот, енергијата, и чистата љубов секогаш победуваат. Сите имаме своја Приказна и Патека која е наша Судбина, и време е ова темно и тешко секојдневие да го исполниме со светлина, љубов и чиста енергија“, вели Васил Гарванлиев.

МРТ пристапува кон избор на нова песна за Васил Гарванлиев и ги повикува сите заинтересирани страни да ги понудат своите музички проекти на следната е-маил адреса: eurosong.macedonia@gmail.com, најдоцна до 27-ти јануари 2021 година.

Јавниот повик е достапен на веб страницата на МРТ, преку следниот ЛИНК.

Continue Reading

Музика

„Среќна годишнина, пријателке“: Адел одбележа 10 години од наградуваниот албум „21“

Published

on

By

Пејачката Адел ја одбележа 10-годишнината од својот наградуван албум „21“, но сè уште нема информации кога би можел да биде објавен новиот албум.

Британската кантавторка го објави својот втор студиски албум на 24 јануари 2011 година, создавајќи ги хитовите како „Rolling In The Deep“, „Set Fire To The Rain“, „Rumor Has It“ и „Someone Like You“.

Добитничка е на британската награда за албум на годината како и Греми награда за најдобар албум во 2012 година.

Насловите на албумите на Адел се нејзините години во периодот на продукција. Дебитантскиот албум е наречен „19“ и е објавен во 2008 година, а последниот албум Адел го издаде во 2015 година, за кој повторно освои Греми награда.

Нејзините обожаватели повеќе од 5 години го чекаат четвртиот албум, а иако ѕвездата потврдила дека истиот е во подготовки, сè уште нема детали за тоа кога би можел да биде објавен.

Одбележувајќи ја годишнината од „21“, пејачката напишала на Инстаграм:

„Среќна 10-годишнина, пријателке. Лудо е колку малку се сеќавам како беше и како се чувствував пред 10 години“.

Continue Reading

Тренд

Copyright © 2020 Avenue.mk